еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во среда ќе се решава по жалбата на Русковска за суспензијата

Советот на јавни обвинители во среда ќе ја одржи 63. седница, на чиј дневен ред е жалбата на обвинителката Вилма Русковска.

Одлуката за свикување на седницата е објавена на веб-страницата на Советот на јавни обвинители, а на дневен ред, како прва точка се предлага „разгледување и решавање по жалбата СОЖ бр.5/22 на јавниот обвинител на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска“.

Обвинителката Вилма Русковска, минатата недела поднесе жалба за одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители. Со жалбата, како што појасни Русковска, таа ги побива наводите во решението и „ова го смета за суспензија на правото и суспендирање на правдата“.

Републичкиот јавен обвинител, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесената пријава од Арафат Муареми за претресот на 18 јули во Управата за финансиска полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ова не е суспензија на Русковска, туку на правдата: Обвинителката поднесе жалба до Советот на јавни обвинители

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Американско истражување: Вакцината „АстраЗенека“ е безбедна и високо ефикасна

Редакција

Усвоен Извештајот за Македонија: Европскиот парламент го одобрува притисокот што Бугарија го врши за да историјата се толкува на нивен начин

Редакција

Тлото не се смирува: Регистрирани уште три земјотреси меѓу три и четири степени и 30-на послаби

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница