еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Поројни дождови во Кавадарци, пожарникарите испумпуваат вода од неколку критични места

Поројни дождови го зафатија вечерва градот Кавадарци, пожарникарите испумпуваат вода од неколку критични места. Оваа информација ја потврдија за МИА од Територијалната противпожарна единица.

Оттаму засега не можеа да кажат повеќе детали за последиците од невремето.

-Од УХМР известуваат дека невремето со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер од источните делови од Македонија се придвижува кон западните делови и се очекува да ги зафати Тиквешијата и Пелагонија, а подоцна во вечерните часови и делови од Скопската котлина ќе бидат зафатени од невреме со пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и можна појава на град, известија вечерва од Центарот за управување со кризи.

Кавадарци и Неготино беа општините кои и пред неколку дена беа зафатени од невреме. Во Кавадарци имаше поплавени подрумски простории, а во Неготино неколку куќи беа со оштетени кровови, имаше паднати дрвја и некое време беше блокиран патот Дуброво-Војшанци.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БЕГ склучи рамковна спогодба за набавка на гас со ТЕ-ТО вредна 70,3 милиони евра

Редакција

Запознајте ги новите антикорупционери: Шемши Сали, експерт и за боречки вештини

Редакција

Кој е Методија Димовски, новиот генерален секретар на Владата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница