еМагазин
Image default
Македонија

Медат Куртовски и официјално градоначалник на Маврово и Ростуше

По објавувањето на Заклучокот на Државната изборна комисија (ДИК) за известување за конечност на резултати од гласањето за избор за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, кандидатот Медат Куртовски и официјално стана нов градоначалник.

На пригодна свеченост во седиштето на општината, нему му беше врачено уверението за избран градоначалник.

Претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК), Ивана Ѓорѓиовска заедно со членовите на ОИК, остварија средба со Медат Куртовски, кандидатот на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, на која тој им се заблагодари на ангажманот во изборниот процес.

– Сакам најсрдечно да им заблагодарам на претседателката и членовите на Општинската изборна комисија за успешно реализираниот изборен процес. Во оваа прилика се заблагодарувам и на вработените во општината за топлиот пречек. Продолжуваме понатаму заедно за доброто на нашата општина, рече Куртовски.

Медат Куртовски раководеше со Општина Маврово и Ростуше еден мандат и се кандидираше во два наврати, но еднаш заради немање цензус и непријавување на против кандидат изборите се повторија. На последните избори тој освои 3.266 гласови, односно 60.53 отсто од излезените гласачи.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„ТНТ“ по две години започна од почеток: Ќе има ли епилог за уривањето на „Космос“ на Фијат Цановски?

Редакција

Џафери ќе ги распише локалните избори на на крајот на јули или почетокот на август

Редакција

Детален преглед: 18 лица од новозаболените имале контакт со потврден случај на коронавирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница