еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

За викенд убаво време, од понеделник повторно нестабилно со услови за локално невреме

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.

За време на викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Заборавениот конфликт се разгорува: Украина и Русија на работ од војна

Редакција

Угледниот шпански спортски весник „Марка“ го вброи Пандев меѓу ѕвездите на ЕУРО2020

Редакција

Советот за безбедност ќе биде свикан до крајот на месецот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница