еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ТВ Нова ќе остане без дозвола

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) до Советот на агенцијата ќе поднесе предлог за одземање на дозволата за телевизиско емитување на телевизијата „Нова“, која е речиси два месеци во стечај, пренесува Мета.

Според дневниот ред на утрешната седница на Советот на ААВМУ, тоа би можело да се случи и утре.

Според Агенцијата, телевизијата која беше сопственост на бизнисменот Сеад Кочан, газда на „Трансмет“, вчера писмено ги известила дека по отворањето на стечајот на 22 јуни годинава, стечајниот управник ги одјавил сите вработени што фигурирале на платниот список.

Бидејќи сега телевизијата не го исполнува условот да има најмалку 30 вработени, од кои најмалку 10 новинари, Агенцијата му препорачува на својот директор да ја почне постапката за одземање на дозволата на телевизијата, која во текот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ важеше за провладина.

Мета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи го победи Таравари во првиот круг од претседателските избори

Редакција

Договорот „влада со влада“ помеѓу Македонија и Обединетото Кралство ќе биде склучен следната недела во Лондон

Редакција

Денеска сончево и топло до 32 степени, утрово студено, а во тек на ден сончево и топло

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница