еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Трајче Пеливанов, кој ќе ја менува Вилма Русковска

Советот на јавни обвинители го назначи обвинителот Трајче Пеливанов како времена замена на суспендираната шефица на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциска кога станал обвинител во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Трајче Пеливанов, кој привремено ќе ја замени Вилма Русковска

Каков имот пријавил?

Според неговиот анкетен лист на свое име пријавил градежно земјиште во Кавадарци, кое е подарок.

Вози Мазда 6, а има и кредит од 2,2 милиони денари, кој треба да го врати во 2037, а го зел во 2018 година.

Како заеднички имот пријавил стан во Скопје од 90 метри квадратни, проценет на 6,9 милиони денари.

На име на сопругата пријавил земјоделско земјиште во Кавадарци, кое е подарок и возило Мазда 2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителот Пеливанов избран за времена замена на Русковска

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Познат кардиохирург физички го нападнал директорот на Клиниката за кардиохирургија

Редакција

ЕК уверува дека работи со „светлосна брзина“ за финализирање на договорот со Фронтекс, кој не е потпишан оти Бугарија ги спореше зборовите “македонски јазик“ во текстот

Редакција

Само Унгарија не даде согласност за предлог-заклучоците на ЕУ за Украина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница