еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 240 случаи на Ковид-19, четворица починати, оздравени 446 лица

Во последните 24 часа од направени 1.084 тестови, регистрирани се 240 нови случаи на Ковид-19.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од новорегистрираните од Скопје се 119, Битола – 23, Куманово – 14, Прилеп – 13, Охрид – 12, Кавадарци – 9, Тетово – 7, Кочани – 5, Велес, Гостивар, Струмица, Крива Паланка и Берово – по 4, Свети Николе и Богданци – по 3, Штип, Струга, Неготино и Радовиш – по 2, Гевгелија, Дебар, Кратово и Крушево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 58 реинфекции.

Регистрирани сe 446 оздравени пациенти од: Скопје – 152, Охрид – 80, Битола – 36, Кавадарци – 30, Прилеп – 22, Куманово и Гевгелија – по 17, Струга и Радовиш – по 10, Гостивар – 8, Кочани, Велес и Струмица – по 7, Штип и Неготино – по 6, Тетово и Дебар – по 5, Свети Николе – 4, Кичево и Валандово – по 3, Крива Паланка, Ресен, Демир Капија и Делчево – по 2, Македонски Брод, Пехчево, и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Скопје (80г). Лицето е починато во болнички услови.

Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин  регистрирани се три починати лица, од Прилеп  (73г), Демир Хисар (60г) и Демир Капија (67г). Сите лица се починати во домашни услови. Починати се во период од 16.08. до 24.08.2022 година.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 340.119, бројот на оздравени пациенти е 328.924, на починати е 9.481, а бројот на активни случаи изнесува 1.714.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Нова масовна гробница во село во околината на Киев

Редакција

Средба Османи-Рау во Варшава: За Полска нема дилема дека Македонија заслужува да почне преговори со ЕУ

Редакција

„Разбиена“ криминалната група „Барон„: За убиство наплаќала од 10.000 до 250.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница