еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поевтинуваат дизелот и мазутот

Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за два денари по литар, а мазутот поевтинува за 1,215 денари за килограм, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуродизел (Д-Е V) изнесува 99,5 денари за литар.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно  Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава за 87,5, Еуросупер БС-98 за 90, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 97,5 денари за литар.

Новата малопродажна цена на Мазутот М-1 НС, пак, ќе изнесува 52,740 денари за килограм.

Како што информираат од РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,754, а кај дизелот намалување во просек за 2,619 отсто, додека курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,132 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали е на повидок нова војна: Повторно судир меѓу Азербејџан и Ерменија за спорниот регион Нагорно-Карабах

Редакција

БРАВО! (Фото) Урбан Бургер Бар нуди бесплатна храна за деца без родители, социјални случаеви…

Редакција

За Мицкоски е навреда ако тројцата дипломати од ЕУ дошле во Македонија само за уставните измени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница