еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија ќе купи систем за противвоздушна одбрана од Франција

На денешната седница на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието, министерката за одбрана Славјанка Петровска ги запознала членовите на Комисијата со Информацијата и потребата на Армијата за набавката на современ систем за противвоздушна одбрана.

– Станува збор за унапредување на системот за борбена готовност на Армијата во насока на остварување на основната задача за одбрана на независноста и територијалниот интегритет и суверенитет на државата, за чија цел Министерството за одбрана пристапува кон набавка на современ систем за противвоздушна одбрана, а за кој ќе склучи договор со Министерството за одбрана на Република Франција, стои во соопштението од Министерството за одбрана (МО).

Станува збор за повеќегодишна набавка на систем за противвоздушна одбрана на мали височини, кој треба да ја унапреди борбената готовност на Армијата, а кој е предвиден согласно Планот за опремување и модернизација на Армијата.

Како НАТО членка, безбедноста на нашето небо ја гарантираат сојузничките воздухопловни сили, а набавката на системот за противвоздушна одбрана е комплементарна во целокупниот одбранбен систем на државата, велат од МО.

Од МО информираат дека во согласност со Законот за јавните набавки во одбраната и безбедноста, Министерството за одбрана наскоро ќе склучи договор со Министерството за одбрана на Република Франција, за кој јавноста ќе биде подетално информирана и за типот на воена опрема и за динамиката на испорака.

Во изминатите две децении, се наведува, не е извршена набавка на систем за противвоздушна одбрана, кој е потребен пред сè за поддршка и заштита на припадниците на Армијата, заштита на институциите, и зголемување на безбедноста и сигурноста на граѓаните на Македонија.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Самохрана мајка со додаток на плата од 157 илјади евра„: Твитер реакции за заработувачката на Јанева и одлуката да оди во домашен притвор

Редакција

Три години затвор за обвинетиот за сообраќајката кај „Сити мол“, во која загина радовишанката Викторија Николова

Редакција

Скопје денеска ќе биде блокирано: Во 10 часот протест, во 16 часот марш

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница