еМагазин
Image default
Локално

Подгответе се за сообраќаен хаос: Во Скопје посебен режим од денеска до петок

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска и утре во официјална посета на Македонија ќе престојува претседателката на Словачка, Зузана Чапутова.

На 08.09.2022 (четврток) и 09.09.2022 (петок) во официјална посета на Македонија ќе престојува претседателот на Италија, Серџо Матарела.

Од тие причини, соопштија од МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две вреќи марихуана пронајдени во близина на граничниот премин Свети Наум

Редакција

Играле ножеви во крвава тепачка меѓу средношколци во Скопје

Редакција

Пожар во две куќи на улица „Робеспјерова“ во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница