еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Акција на МВР и Интерпол: Внимавајте при купување на половни автомобили увезени од странство

На територијата на Македонија за време на заедничка акција на МВР со повеќе надлежни институции координирана од Генералниот секретаријат на Интерпол, се извршени 1.540 проверки на лица и 1.467 моторни возила. Одземени се 10 возила и еден мотоцикл под сомнение за фалсификат.

Од МВР информираа дека во соработка со Царинската управа, Јавното обвинителство, Пазарната инспекција и Управата за јавни приходи, во тесна координација со Генералниот секретаријат на Интерпол, учествувале во глобална операција против криминал со моторни возила, координирана од Генералниот секретаријат на Интерпол.

Операцијата била спроведена во 77 држави, при што во овие држави откриени се 1.121 украден автомобил и 64 мотоцикли.

– При преглед на плац за продавање на делови за моторни возила т.н. авто отпад извршена е идентификација на 62 возила за кои е утврдено дека имало избегнати давачки, со што правното лице и одговорното лице на правниот субјект сториле Кривично дело по член 278-б став 1 и став 3 од Кривичниот законик, се појаснува во соопштението од МВР.

Од МВР апелираат до граѓаните да внимаваат при купување на половни моторни возила и увоз од странство, особено на веродостојноста на документите и потеклото на возилото согласно законодавството во државата од каде се увезува.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истражување на Евротинк: Граѓаните најмногу и веруваат на Армијата, најмалку на судовите

Редакција

Куновска: Колку ли е “висока” довербата во системот и вредностите на ЕУ од нејзините членки ако Бугарија бара дополнителни гаранции за правата на своето малцинство

Редакција

Клиника „Жан Митрев“: Закажување, тестирање и резултати за Ковид-19 во рок од 24 часа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница