еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Никола Ристановски награден за најдобра машка улога на фестивалот „Нов тврдина театар„ во Нови Сад

Македонскиот народен театар (МНТ) на 1 септември со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, го отвори  9. театарски фестивал „Нов тврдина театар“, која се одигра на сцената на „Српско народно позориште“, Нови Сад – Србија, информираат од МНТ.

Во официјалната програма учествуваа шест претстави од најголемите театарски куќи од регионот, а во чест на наградените, вчеравечер се одигра претставата „Љубов и вина“, во режија на уметничката директорка на фестивалот, Вида Огњеновиќ.

Жири-комисијата во состав: Ласло Блашковиќ, писател (претседател на жирито), Јована Балашевиќ, актерка, и Ивана Ѓуриќ Пауновиќ, литературен преведувач, едногласно одлучија наградата за најдобра машка улога да се додели на Никола Ристановски за улогата на Др. Томас Стокман, во претставата „Народен непријател“ во режија на Нина Николиќ, а во продукција на Македонски народен театар.

Ристановски, веќе 30 години, кариерата успешно ја гради во сопствената земја, но и надвор од нејзините граници.

Во неговата возбудлива кариера остварил огромен број театарски, филмски и телевизиски улоги. Тој е воедно и најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар.

Претставата „Народен непријател“ на 5 ноември ќе гостува и во Италија.

Фото: МНТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски: Ниту сум организирал, ниту сум дал согласност некој да организира насилен упад во Собранието

Редакција

Дане Талески кандидат за амбасадор во НАТО

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на Заев: Може експертска влада, предводена од заеднички прифатлива натпартиска личност

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница