еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска сончево време, попладне локална појава на пороен дожд и ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, ретки грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека денеска во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, ретки грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Од денеска попладне и во понеделник ќе дува засилен северозападен ветер што ќе услови опаѓање на температурите, а од среда ќе бидат во постепен пораст и ќе преовладува стабилно и топло време.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште неколку дечиња, па Влатко Ѓорчев и Антонио Милошоски можат да основаат фудбалски клуб

Редакција

Потпретседателот на СДСМ, Богоев стана татко, доби син

Редакција

(Видео) Аплаузи и прегратки за херојот Јован, кој излезе од болница

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница