еМагазин
Image default
Локално

Жена вчера се изгубила на Китка, полицијата ја пронајде

Педесет и четиригодишната Р.С. од Скопје, која  се изгубила на планината Китка, пронајдена е од полицијата со помош на куче трагач. Жената е во добра здравствена состојба.

Како што информира МВР,  вчера oколу 18.30 часот полициски службеници од Полициската станица Драчево на планината Китка ја пронашле Р.С.(54) од Скопје, откако нејзиното исчезнување го пријавил нејзиниот сопруг В.С.(56) од Скопје.

Тој вчера во 15.44 часот во полициска станица пријавил дека додека биле на планината, во близина на планинарскиот дом, таа се оддалечила и најверојатно се изгубила.

-На местото веднаш биле испратени полициски службеници од Полициската станица Драчево, Единицата за интервентна полиција и куче трагач, по што Р.С. набрзо била пронајдена во добра здравствена состојба и вратена кај сопругот, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Велешанец се повредил откако скокнал од воз

Редакција

37-годишен маж од Гевгелија е жртвата во сообраќајката на клучката кај Три Чешми

Редакција

Со пукање „расчистувал“ расправија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница