еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Горивата поевтинуваат за денар

За еден денар поевтинуваат бензините „Еуросупер БС-95“ и „Еуросупер БС-98“, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Новата цена на литар „Еуросупер БС-95“ изнесува 84,50 денари, а 87 денари на „Еуросупер БС-98“. Дизел горивото ќе се продава по 97 денари, а екстра лесното за 93,5 денари.

Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,25 проценти во однос на одлуката од 5 септември годинава.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,236 проценти, кај дизелот за 2,617 проценти, кај екстра лесното масло за 2,786 проценти и кај мазутот намалување за 3,266 проценти.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,848 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Наташа Гоџоска, која е избрана за обвинител во Вишто јавно обвинителство Скопје

Редакција

Бугарските националисти да бидат прогласени за персона нон-грата, бараат од Демократски сојуз

Редакција

„Гранит“ ќе дели дивиденда во бруто износ од 30 денари по акција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница