еМагазин
Image default
Бизнис

Раст од 110% на странските туристи во јули, најбројни од Турција, Србија и Полска

Во државава во јули годинава се регистрирани 169.449 туристи, од кои 54 проценти се домашни, а 46 проценти се странски туристи.

Државниот завод за статистика денеска објави дека бројот на ноќевањата во јули 2022 година изнесува 700.629, од кои 74,3 проценти се од домашните туристи, а 25,7 проценти од странските.

Во јули годинава имало најмногу туристи од Турција, 12.841, по што следат Србија, 9.393, Полска, 5.412, Германија, 3.698, САД, 2.721, Бугарија, 2.286, Словенија 2.099, Грција 1.828…

Од вкупниот број туристи во јули годинава, над 105 илјади биле во езерските места, а над 36.000 во главниот град. Хотелско сместување користење 99.000, а над 56.000 се сместиле во куќи, станови за одмор и соби за издавање.

Во периодот јануари – јули годинава во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 53,3  проценти, при што кај домашните туристи има зголемување за 13,7 проценти, а кај странските зголемувањето е за 109,9 проценти.

Кај ноќевањата во периодот јануари – јули годинава во однос на истиот период од претходната година, има зголемување за 34,6 проценти, кај домашните за 9,8 проценти, а кај странските зголемувањето е за 95,9 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Прв дојден, прв услужен“: Објавен огласот за субвенции до 18.000 денари за плински уреди во возилата

Редакција

ЈП за државни патишта склучи договор со “Електра груп“ вреден 959 илјади евра

Редакција

Голем пораст: Бруто надворешниот долг на Македонија достигна 8,4 милијарди евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница