еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија на 42 место во светот по смртност, според листата на ЦИА на која се рангирани 229 држави

Македонија e на 42 место по стапка на смртност на листата на ЦИА на која се рангирани 229 држави во светот.

Земјава има коефициент од 9,61 смртни случаи на 1.000 жители годишно. Kоефициентoт, според методологијата на анализата, се пресметува како просечен годишен број на смртни случаи на 1.000 жители на средината на годината.

Според листата на ЦИА, убедливо на прво место во светот по стапка на смртност е Србија со коефициент 16,39.

Во првите десет места, покрај Србија, се и Романија, Литванија, Летонија, Бугарија, Украина, Русија, Естонија, Белорусија и Хрватска.

Сите овие држави се од Европа, па затоа истата група ги зазема првите десет позиции и на листата на европски земји со најголема смртност.

Од земјите од поранешните југословенски простори Хрватска е на 10 место, Словенија е 28, Црна Гора 30, а Босна и Херцеговина е 32.

Во Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика, лани починале 28.516 луѓе.

Најчеста причина за смрт биле болестите на циркулаторниот систем (35.9 %), компликации од Ковид-19 (20.6 %), неоплазмите (13.8 %), ендокрините, нутритивните и метаболичните болести (5.8 %) и болестите на респираторниот систем (4.2 %).

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како да отворите платежна сметка со основни функции: Што овозможува и колкав надоместок се плаќа

Редакција

(Фото) Невреме со град, силен ветер и грмотевици го погоди струмичко Ново Село

Редакција

И за време на штрајкот градинките ќе работат, а децата ќе бидат згрижени, велат од Министерството за труд и социјална политика

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница