еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Маж и жена од Бугарија измамиле жена од Аеродром за 8.000 евра, Обвинителството бара притвор

Бугарски државјани се осомничени за измама и за нив е побаран притвор. Станува збор за маж и жена кои преку телефонски разговор довеле во заблуда жителка на Аеродром од која во два наврати зеле 8.000 евра.

–  Користејќи се со измама и презентирајќи лажни факти, осомничените ја навеле оштетената првиот пат да им даде 5.100 евра, а потоа уште 2.900 евра, информира денеска Државното јавно обвинителство.

Со оглед на тоа што осомничените се странски државјани без регулиран престој во земјава и постои висок ризик да се дадат во бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 536 заболени од Ковид-19, во Скопје 153

Редакција

Заев и Ципрас номинирани за Нобелова награда за мир

Редакција

ЈП Струмица транспорт склучи договор со Аутомакедонија вреден 6,9 милиони евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница