еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Документот кој ВМРО-ДПМНЕ го објави за Ковачевски бил „воена тајна“, велат од Министерството за одбрана

Документот кој е објавен на социјалните медиуми и презентиран од политичка партија, по првичната проверка претставува документ кој во документација на Министерството за одбрана и Армијата првично е заведен како документ со печат „воена тајна“, а подоцна по носењето на Законот за класифицирани информации, добива класификација „строго доверливо“, велат од Министерството за одбрана (МО) на Фејсбук, за документот кој ВМРО-ДПМНЕ го објави за премиерот Димитар Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ објави документ за Ковачевски

“Министерството за одбрана, согласно своите надлежности, постапувајќи по Закон и штитејќи ги интересите на државата и на граѓаните, отвора постапка за утврдување на одговорност за несовесно ракување и неовластено објавување на документи со класифицирана содржина.

Министерството за одбрана ги повикува политичките партии и поединци, во своите настапи и обиди да придобијат политички поени, да стојат понастрана од припадниците на Министерството за одбрана и Армијата, да не ги поттикнуваат на извршување на кривични дела, со кои го нарушуваат сопствениот, но и угледот на Министерството и Армијата“, велат од МО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ: Само нечесни и уплашени луѓе злоупотребуваат нечиј здравствен предизвик

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 367 болни од Ковид-19

Редакција

Зголемување од 22,2%: За една недела 5.456 нови случаи на Ковид-19

Редакција

ДИК рачно проверува записници, за седницата за резултати „благовремено ќе известат“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница