еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Кавадарчанец ја принудувал малолетната девојка на проституција

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишник осомничен за кривично дело „Посредување во вршење проституција“ од член 191, став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што информира Јавното обвинителство, осомничениот во текот на последните два месеца ја врбувал и наведувал на проституција неговата малолетна девојка.

Тој преку нејзиниот профил на Инстаграм до кој имал пристап, пишувал во нејзино име и договарал средби со повеќе лица. Потоа ја наведувал да оди на средбите и да има сексуални односи со лицата за парични средства, а парите да му ги дава на осомничениот.

Од Јавното обвинителство посочуваат дека постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да се даде во бегство или дека ќе се обиде да влијае на сведоците. Поради тоа надлежен јавен обвинител предложил да му биде определена мерка притвор.​​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата за примена на јазиците вработува 13 државни службеници, плата до 37.968 денари

Редакција

За една недела 199 лица починале од Ковид-19, најмногу од Скопје и Тетово

Редакција

Колкава плата имал лани Ангел Димитров: „Мода„ од Свети Николе ги објави примањата на менаџерите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница