еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

300.000 руски резервисти ќе бидат мобилизирани да се борат во Украина

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека делумната мобилизација што ја најави рускиот претседател Владимир Путин се однесува на лица со воено искуство и најави дека ќе бидат повикани 300.000 резервисти.

Шојгу, обраќајќи и се на јавноста после Путин, рече дека оние што ќе бидат повикани ќе поминат воена обука пред да бидат распоредени.

Шојгу рече дека Русија во Украина се бори против Западот.

Според него, „речиси целата сателитска мрежа на НАТО работи против Русија во Украина“ и „Украина се повеќе користи западно оружје за да напаѓа цивили“.

Шојгу рече дека Западот и доставува оружје на Украина во огромни количини. Тој тврди дека Русија изгубила 5.937 луѓе во „специјалната воена операција во Украина“, а Украина половина од армијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин прогласи делумна мобилизација, војната во Украина допрва ќе се разгорува

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Duferco Skop SA купи нови 1.500 акции на Макстил

Редакција

Нов македонски рекорд во скок во далечина за Андреас Трајковски

Редакција

„Мира Дизел во два дена си го вработи синот, братот и си го унапреди мажот„: “Завидлизам“ на Заев, хит на Твитер

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница