еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судење за „Софтвери“: Вештак сведочеше дека софтверот што Рашковски го набавил за МВР не функционирал

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи рочиштето за случајот „Софтвери“, во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Вештакот на Јавното обвинителство, Мане Пиперевски констатира дека софтверот што Рашковски го набавил како генерален секретар на Владата од фирмата „Инвока груп“ не работел.

Според Пиперевски, во доставената документација од Владата за софтверот лозинката не била точна, па вештакот морал преку адвокатите да дознае од обвинетите, која е точната лозинка за да може да го отвори системот.

По инсталирањето, како што вели тој, се појавила грешка поради која не можело софтверот да се стави во функција и да се продолжи со детална проверка на неговата функционалност.

Вештакот не можел да провери дали навистина софтверот мери брзина, констатира прекршоци кај возачи, но и да детектира дали некое возило е регистрирано или украдено, поминува на црвено светло, погрешно се престројување или има сообраќаен метеж…, поради тоа што софтверот не можел да се вклучи.

Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „перење пари и други приноси од казниво дело”.

Во истиот случај се обвинети и И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. за „злоупотреба на службената положба и овластување”.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ако не си се оженил до 40 не очајувај, Реисот нека ти биде пример„: Твитер реакции

Редакција

Сертификатот за прележан Ковид-19, наместо досегашните 45, ќе трае 180 дена

Редакција

Нови 429 случаи на Ковид-19, оздравени 572, починати пет лица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница