еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 57 случаи на Ковид-19, оздравени 90, двајца починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 704 тестови, а регистрирани се 57 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 39, Велес – 4, Куманово, Битола, Прилеп, Тетово, Кавадарци и Неготино – по 2, Радовиш и Штип – по 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 12 реинфекции.

Регистрирани сe 90 оздравени пациенти од: Скопје – 54, Прилеп – 10, Битола – 7, Кавадарци – 5, Велес – 3, Охрид, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка – по 2, Неготино, Ресен и Крушево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.

Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, се регистрирани 2 починати лица од Скопје (85г) и Битола (60г), лицата се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 20.08-14.09.2022

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 342.469, бројот на оздравени пациенти е 332.319, на починати е 9.526 а бројот на активни случаи изнесува 624.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уапсени полицајци кои дозволиле студенти од Турција нелегално да престојуваат во Македонија

Редакција

АПЕЛ: Сите што биле во Банско во Бугарија, кое е во карантин, да се пријават кај надлежните

Редакција

Македонија денеска се наоѓа на еден тежок крстопат, ќе тргнеме по патот на фарисеите или по Илинденците, вели историчарот Жежов

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница