еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Најмалку 31 загинати: Крвави протести во Иран по убиство на девојка која неправилно носела хиџаб

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 31 лице.

Иранската револуционерна гарда денеска го повика државното судство да ги осуди оние „кои шират лажни вести и гласини“ за 22-годишната Махса Амини.

„Побаравме од судството да ги идентификува оние кои шират лажни вести и гласини на социјалните мрежи, како и оние на улиците кои ја загрозуваат психолошката безбедност на општеството, на кои треба одлучно да се дејствува“, соопшти гардата, а изрази и сочувство до семејството на Амини.

Демонстранти во Техеран и во други ирански градови денеска запалија полициски станици и возила.

Причината за немирите низ Иран е смртта на Амини, убиена од полицијата затоа што неправилно носела хиџаб, јавија дел од локалните медиуми.

Протестите започнаа откако девојката беше приведена од полицијата за морал, потоа претепана бидејќи, наводно, хиџабот не го носела правилно. Амини падна во кома, а потоа почина.

Убиството на Амини го осудија Обединетите Нации, Европската унија, САД.

Полицијата одби да ѝ покаже на јавноста снимен материјал од комбито каде девојката е претепана. Оттаму наведуваат дека таа починала од срцев удар, иако семејството нагласи оти Амини била здрава.

Во знак на протест, жените во Иран јавно го тргаат и го палат својот хиџаб.

МИА/фото/видео: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

23-годишно лице од Гостивар почина од Ковид-19, вкупно 30 во изминатото деноноќие

Редакција

(Видео) Со помош на ДНК и гени на други волци вратен во живот волк кој исчезнал пред 12.500 години

Редакција

(Видео) Војната во Украина ќе продолжи и за Велигден, Русија го одбила предлогот за велигденско примирје, информираше Зеленски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница