еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Владата одобри 1,1 милијарда денари за континуирано снабдување со топлинска енергија во Скопје

Владата на денешната 85-та седница одобри средства за ликвидно работење на друштвата и континуирано снабдување со топлинската енергија на потрошувачите на Град Скопје.

Како што соопшти владината прес-служба, пред почетокот на грејната сезона, Владата донесе Одлука за одобрување 1,1 милијарда денари за набавка на енергенси на АД за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) во државна сопственост, согласно Одлуката за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

– Со преземените соодветни мерки од страна на Владата се обезбедува непречено снабдување со топлинска енергија на Градот Скопје и сигурност и стабилност при испораката на топлинска енергија до потрошувачите за време на годинешната грејна сезона, се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не бегам од одговорност, но здравствениот систем е комплексен и мора да се менаџира, вели Филипче

Редакција

Ристоска, Јосифовска или некој трет: Кој ќе ја замени Катица Јанева?

Редакција

УНЕСКО повторно со препорака да се преиспита изградбата на хотелот во Лагадин

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница