еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Зголемена хоспитализираност од Ковид-19, но луѓето не се тестираат

Есенското „оживување“ на епидемијата во западна Европа, но и во Словенија и Хрватска, изгледа дека постепено доаѓа и кај нас, вели проф. Дејан Трајковски во најновата ковид-анализа.

„Последниве денови забележуваме пораст на преносливоста, односно на ефективниот репродукциски број Rt (на првата и втората слика).

На третата слика гледаме дека линиите на подвижните средини сé уште покажуваат надолу, но 7-дневната подвижна средина се подготвува да ја пресече оддолу нагоре 14-дневната подвижна средина, што обично индицира промена на трендот.

Веројатно тоа нема да се случи веднаш, но во следните неколку недели веројатно ќе го видиме и тоа.

Бројот на нови случаи деновиве е поголем од бројот на затворени случаи, а со тоа расте и бројот на активни случаи (црвената и жолтата линија на четвртиот дијаграм).

Интересно е што бројот на хоспитализирани започна да расте уште минатата недела. но тоа не беше следено со пораст на бројот на новодијагностицирани, веројатно поради намалениот број на тестирања.

Бидејќи доцна летово, пред само 2 месеци многу луѓе прележаа ковид, степенот на колективен имунитет е сé уште прилично висок кај популацијата.

Есенската зголемена преносливост може да донесе благ пораст на дневните броеви на нови случаи, но сé уште е рано за позначително избувнување, токму заради скорото масовно прележување.

Всушност, можеби цела есен и зима ќе се „влечеме“ само со некакви умерени бројки.

Иако СЗО неодамна излезе со проценка дека се ближи крајот на пандемијата, да не заборавиме дека епидемиолошкиот критериум е многу јасен: потребно е да поминат најмалку 28 дена без ниту еден случај (два максимални периоди на инкубација), за да прогласиме крај на епидемијата кај нас.

Но, на светско ниво тоа не може да се случи во догледно време, па дури и да нема пандемија со досегашните размери, вирусот ќе продолжи да циркулира во светската популација уште долго време,“ пишува Трајковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф.Трајковски: Ковид-19 се уште останува подмолна болест што заслужува внимание, смртноста е 2,5 пати повисока од грип

Фото: Трајковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалување од 28,2%: Минатата недела 267 лица по вторпат се заразиле со Ковид-19

Редакција

Основната каматната стапка достигна 6,15%, Народна банка повторно ја зголеми за 0,15%

Редакција

На Велики Понеделник почина Папата Франциск

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница