еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Руска патрола го киднапирала генералниот директор на украинска нуклеарна централа во Запорожје

Генералниот директор на окупираната од Русија украинска нуклеарна централа во Запорожје, е задржан од руска патрола, соопшти денеска украинската државна агенција задолжена за централата Енергоатом.

Игор Мурашов вчера околу 16 часот по локално време бил приведен на пат од најголемата европска нуклеарна централа кон градот Енергодар, се наведува во соопштението на компанијата.

Тој е изваден од автомобилот и со врзани очи е одведен во непознат правец, се вели во соопштението.

„Неговото приведување од страна на (Русија) ја загрозува безбедноста на Украина и најголемата нуклеарна централа во Европа“, изјави претседателот на „Енергоатом“, Петро Котин и побара од Русија веднаш да го ослободи Мурашов.

Русија засега не потврди дека го привела директорот на централата.

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Ковачевски се поклони пред спомен плочата на Светите Кирил и Методиј во базиликата „Санта Марија“ во Рим

Редакција

(Галерија) Предлог-ресторани за посета опкружени со убава природа

Редакција

За една недела 84 деца до 9 години заболеле со Ковид-19, лицата на возраст од 20-29 години остануваат најризични за заразување

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница