еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Партијата на Трифонов и Каракачанов не се меѓу нив: Кои партии влегуваат во бугарскиот Парламент

Со обработени 99,40 отсто од гласачките ливчиња, најмногу гласови на изборите во Бугарија доби коалицијата ГЕРБ-СДС со 25,37 отсто (632.097 гласови).

Ова го покажуваат податоците на Централната изборна комисија објавени утрово, јави БТА.

Според нив, во парламентот влегуваат седум политички формации.

Коалицијата „Продолжуваме со промените“ е на второто место со 20,21 отсто (503.549 гласови).

На трето место е „Движење за права и слободи – ДПС“ со 13,66 отсто (340.211 гласови).

По нив следува партијата „Преродба“ со 10,17 отсто (253.321 глас), а по неа е „БСП за Бугарија“ со 9,32 отсто (232.101 глас).

„Демократска Бугарија – обединување“ има 7,46 проценти (185.753 гласа) и „Бугарски подем“ – 4,64 проценти (115.588 гласови).

„Има таков народ“ доби поддршка од 3,83 отсто од гласачите (95.505 гласа). Опцијата – Не поддржувам никого ја одбрале – 87.378 гласачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Бугарија и по овие избори тешко ќе се формира влада: Анализа на Политико и Блумберг

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски нема да ги потпише измените во Изборниот законик, потпис ставен на Законот за државјанство

Редакција

(Галерија) Солзи радосници: Прва трансплантација на црн дроб во Македонија од починат донор

Редакција

Убава вест: Оздравени 416 болни од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница