еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

До 15 октомври ремонт на Блок 1 во РЕК Битола

Во РЕК Битола во тек е ремонт на Блок 1, кој е предвидено да заврши до 15 октомври, соопшти денеска АД ЕСМ.

-Поради енергетската криза во државата и Европа, ремонтите на блоковите во РЕК Битола годинава ќе бидат изведени за помалку од 30-тина дена, место вообичаените 45 и повеќе. Фокусот е ставен на највиталните делови од постројките кои после техничко-технолошкото освежување треба да обезбедат стабилност на производството, стои во соопштението.

Од АД Електрани на Северна Македопнија посочуваат дека ќе следуваат исти активности и на Блок 2. Во меѓувреме се очекува да пристигне трансформаторот за Блок 3, по што РЕК Битола, како што се наведува, би продолжил со работа со полн капацитет.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ескалација на царини и крипто валути: Може ли дигиталниот имот да опстане во време на трговски тензии?

Редакција

Трите хеликоптери на македонската Армија можат да летаат ноќно време, но не и да гасат пожар

Редакција

Duferco Skop SA купи нови 2.269 акции на Макстил

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница