еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Откриено истекување на нафта на нафтоводот, кој Русија ја поврзува со Европа

Полскиот оператор на нафтоводот Перн откри истекување на една линија од нафтоводот Дружба што пренесува нафта од Русија во Европа, од цевка на околу 70 километри од полскиот град Плоцк.

Причината за истекување на нафта засега е непозната, а службите на компанијата превземаат мерки согласно новонастанатата ситуација.

Дружба е еден од најголемите цевководни системи во светот и служи како најголема рута за снабдување со нафта од Русија и Казахстан до точките во Украина, Белорусија, Полска, Унгарија, Словачка, Чешка, Австрија и Германија.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Татко и два сина намерното предизвикале пожар кај Патишка Река

Редакција

(Галерија) Македонскиот топ-модел Павле Николовски го освои Балканот

Редакција

Скопски угостител нема да ги отпушти вработените и по цена да пропадне

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница