еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ново поскапување на дизелот за 3 денари

Од полноќ ќе има ново поскапување на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство.

Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи дизелот да поскапи за три денари, а Екстра лесното масло за домаќинство за два денари.

Цените на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 остануваат непроменети.

Според оваа најнова одлука, дизелот ќе се продава по цена од 103,5 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 99 денари за литар.

Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 останува 89 ден/лит, а на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 91 ден/литар. Малопродажната цена на мазутот ќе изнесува 51,920 ден/кг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Во првите девет месеци 72 компании кои котираат на Берзата оствариле добивка, а 18 загуба

Редакција

(Видео) Џафери сечеше торта за роденденот во Влада, на гости му дојде семејството

Редакција

Нови 26 случаи на Ковид-19 од 2.866 тестирања, 13 во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница