еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Без осуда од ЕУ за бугарските клубови со контроверзни имиња, евроамбасадорот Гир не сака да толкува историја

Евроамбасадорот Дејвид Гир на денешната прес-конференција во Владата на која беше презентиран Извештајот на Европската комисија, прашан за бугарските клубови со контроверзни имиња, кои се отвараат во Македонија и кои предизвикуваат лавина од негативни реакции, рече дека не сака да навлегува во толкување на историјата.

Вели дека Македонија има добро досие што се однесува на односите помеѓу самите заедници во земјата.

-Многу е важно правата на различните заедници да се почитуваат. Исто така е многу важно дека ќе се направат напори од сите страни за да се промовира заемно разбирање и да се избегнуваат тензии.

Што се однесува на овој посебен инцидент што се случи пред неколку дена, Министерството за надворешни работи излезе многу јасно и кажа дека линијата беше пречекорена во врска со ова прашање. Толку имам да кажам, рече Гир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ беше отворен за да биде оштетен

Кој е Цар Фердинанд по кој е именуван третиот бугарски клуб

Кој е Милен Врабевски, главниот финансиер на бугарските клубови во Охрид и Битола

Фото: СЕП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер „зовре“ за пожарите: „Стево на проба да не ја запали депонијата кај Борис Трајковски“

Редакција

Елзесер: Во Маврово се чувствувам како дома, овде има еден сосема друг Јохан

Силвана Жежова

Кој е Ристо Пенов, новиот министер за локална самоуправа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница