еМагазин
Image default
Македонија

Денеска состанок на претседателството на ДУИ во партиското седиште

Демократската унија за интеграција (ДУИ) во партиското седиште во Мала Речица денеска одржува состанок на Претседателството во пресрет на утрешното Централно собрание.

Според информации од партијата на Претседателството се повикани и претставници на партиските ограноци.

На средбата која започна по 14 часот, пристигнати се и дел од локалните лидери на партијата, но изостануваат членовите на т.н. „Огнена група“, кои од 24 септември јавно побараа реформи во ДУИ.

Членовите на Претседателството не дадоа изјави пред почнување на состанокот кога пристигнаа во партискиото седиште.

Според извори во партијата, членовите на т.н. „Огнена група“ го откажале учествово на оваа партиска средба.

На 4. октомври „Огнена група“ имаше повеќечасовна средба со претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, по што беше најавено дека утре 15 октомври ќе има Централно собрание на партијата на која што беше најавено дека ќе се избере ново претседателството.

ДУИ утре треба да изберат генерален секретар, организационен секретар и новите потпретседатели, со мандат до следниот конгрес.

МИА/Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Во Прилеп втор ден без новозаболени од Ковид-19

Редакција

Отидов на одмор со семејството во Мексико, оти е многу евтино, вели Рашковски за ТВ 24

Редакција

Убава вест: Оздравени 532 болни од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница