еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Едно лице загина, друго исчезна во силно невреме на Крит, автомобили завршија во морето

Во големото невреме што ги зафати северниот и североисточниот дел на грчкиот остров Крит, едно лице го загуби животот, спасувачките екипи трагаат по исчезната жена, а над 30 лица биле спасени, според последните информации од портпаролот на противпожарната служба на Грција, Јоанис Артопиос, јави дописничката на МИА од Атина.

Невремето ги погоди регионите Ираклио и Ласити, а во приморското место и туристичка дестинација Агиа Пелагиа од автомобил заглавен во надојдените води било извлечено безживотното тело на 50-годишен маж, а живи биле пронајдени две жени.

Според Артопиос, во делот на Агиа Пелагиа во тек е потрагата по исчезната жена, а не постојат пријави за други исчезнати.

За само еден час центарот за операции на противпожарната служба примила 453 повици за помош, додека пак спасувачки екипи на безбедно место префриле вкупно 30 лица, од кои девет биле во археолошкиот локалитет Ситиа, меѓу кои и две деца.

МИА/фото: Creta.gr

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 261 оздравени од Ковид-19

Редакција

(Галерија) Македонската убавица Сандра Цветкова за реномираниот магазин „Wedding ideas“ во Лондон

Редакција

Банките ќе ги изгаснат светлечките реклами еден месец, за да заштедат струја

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница