еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЕСМ побара од Макпетрол до четврток да достави понуда за гас за цела грејна сезона

ЕСМ АД Скопје денеска испрати допис до Макпетрол АД Скопје, и до уште две други фирми кои покажаа интерес да обезбедат гас за неговите потреби, во кој побара до четврток 20.10.2022 година да достават понуда за гас за периодот ноември-април, информираат од компанијата.

– Понудата која треба да ја достават се однесува на количини, цена, услови на плаќање и обезбедување преку банкарски гаранции, соопшти ЕСМ.

За периодот ноември-април, како што велат во соопштението, ЕСМ има потреба од 225 милиони нормални кубни метри природен гас, со кои ќе се покрие максимално работење во наведениот период, на топланите Исток и Запад, Когел и на Те-То, доколку и оваа електрана биде интергрирана во електро-енергетскиот систем на ЕСМ, односно биде потпишан договор за деловно-техничка соработка со неа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макпетрол во ноември нема да доставува гас за топланите Исток и Запад

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неделава нестабилно време со дожд, грмежи и силен ветер

Редакција

Ел Чека објави нова „бомба“ за „Монструм“

Редакција

„Нема ниту една табла со името Гоце Делчев. Бедотии…“: Твитер реакции за името на автопатот Миладиновци-Штип

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница