еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарско МНР: Сите јавни изјави што ја навредуваат или провоцираат другата страна се апсолутно неприфатливи

Бугарија отсекогаш настојувала да ги зајакне и продлабочи пријателството и добрососедските односи со Македонија. Бугарија вложи многу труд за да ја реализира оваа цел во последните години, се наведува во соопштение на бугарското Министерство за надворешни работи.

Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, во оваа насока Министерството за надворешни работи на Бугарија нагласува дека секакви јавни изјави со кои се навредува или провоцира другата страна се апсолутно неприфатливи. Тие, се посочува, не го претставуваат официјалниот став на бугарската држава и обидите да се претстават како такви се неточни и знак на лоша волја.

Без оглед на бројните провокации против Бугарија и особено кон Бугарите во Македонија во последните месеци, бугарското Министерство за надворешни работи смета дека ваквиот говор е неприфатлив и крајно контрапродуктивен.

-Ваквите изјави не се во интерес на Бугарите во С Македонија. Тие го одвлекуваат вниманието на јавноста од правичниот и легитимен стремеж на бугарската заедница за еднакви граѓански права, особено за слободно здружување и одбрана на нивното културно и историско наследство, се наведува во ставот на Софија.

Согласно духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година меѓу Бугарија и Македонија, тие ги повикуваат политичарите и јавните личности од двете страни на границата да ги насочат своите напори и пораки за поддршка на процесот на обновување на довербата и воспоставување добрососедски односи.

МИА/Фото: МНР на Бугарија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Албанија од утре воведува двонеделен карантин за сите кои доаѓаат од Македонија и од Грција

Редакција

Афера „Паразити“: ВМРО-ДПМНЕ ги објави платите на директорите во Железници

Редакција

(Галерија) Галичка свадба: Марина Петровска и Огнен Караѓозоски ја крунисаа својата љубов

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница