еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Продолжува убавото есенско време, денеска со сонце и температури до 23 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 20 степени.

Утрово е најстудено на Попова Шапка, еден степен, а најтопло во Дојран, 14 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, до 8:30 часот во Берово и Лазарополе се измерени два степена, во Битола 3, 4 во Маврови Анови, Крива Паланка и Струмица, 5 во Тетово, Претор и Штип, 6 во Демир Капија, Дебар и Крушево, 7 во Прилеп, 8 во Охрид и Виница, 10 во Скопје – Петровец и Куманово, 11 во Скопје – Зајчев Рид, како и 12 степени во Гевгелија.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР апелира на внимателност од пожари: Mало невнимание може да предизвика пожар со тешки последици

Редакција

(Видео) Свеќите на Партизанска немо сведочат за згаснатиот живот на Фросина Кулакова

Редакција

Уште денеска убаво време, од утре дожд

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница