еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугар фатен со ножеви пред бугарскиот културен центар во Охрид

Лице од Софија, Република Бугарија со два ножа вчера било приведено во близина на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Лицето кое се движело кон неодамна отворениот бугарски културен центар им било сомнително на полициските службеници, што биле во близина, и при негов претрес ги пронашле ножовите со должина на сечилата од 10 и 15 сантиметри.

СВР Охрид денеска соопшти дека во трговски центар „Амам“ на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид во 11 часот полициски службеници го лишиле од слобода И.Н.И.(22) од Република Бугарија.

– При преглед, кај него пронајдени и одземени се два ножа, со што сторил прекршок по член 80 од Законот за оружје, изјави портпаролот Стефан Димоски.

Појасни дека казненото дело е процесирано по брза постапка, бидејќи се работи за странски државјанин, а лицето добило забрана од две години за влез во Македонија.

– Тој е предаден на Судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид, додаде Димоски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минималните трошоци во април 49.384 денари

Редакција

Тони Стојановски е именуван за прв човек на НЛБ Банка Скопје, на местото на Грегановиќ

Редакција

„Трамп ќе се укочи во гепек од Америка до Будимпешта„: Твитер реакции за упадот во американскиот Конгрес

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница