еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 44 случаи со Ковид-19, оздравени 81, починати тројца

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 564 тестови, а регистрирани се 44 нови случаи со Ковид-19 и 81 оздравен пациент.

Согласно, регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, регистрирани се тројца починати лица од Скопје (2) и Кавадарци (1). Починатите лица се на возраст од 62 до 79 години. Сите лица се починати во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 03.10 до 18.10.2022 година.

Од 44 новозаболени од Скопје се 32, Прилеп и Кавадарци – по 4, Битола – 3, Кратово – 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 13 реинфекции.

Од 81 оздравен пациент од Скопје се 52, Прилеп – 10, Битола – 7, Куманово – 3, Охрид и Штип – по 2, Тетово, Велес, Струга, Радовиш и Македонски Брод – по 1.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 343.800, бројот на оздравени пациенти е 333.960, на починати е 9.559, а бројот на активни случаи изнесува 281.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК: До 9 часот излезноста е 2,45 %

Редакција

Захариева со нови обвинувања, на Бугарите во Македонија не им се признавало правото на самоопределување

Редакција

Струмичката „Атлантис“ го доби тендерот на ЕСМ за набавка на авиобилети вреден 39.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница