еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Кавадарци се збратими со украинска Буча

Градоначалниот на Кавадарци, Митко Јанчев и заменик градоначалникот на општина Буча, Украина, Шепетко Серхи денеска потпишаа договор за збратимување на двете општини.

За градоначалникот Јанчев овој договор значи меѓусебна соработка на повеќе полиња од општественото живеење. Тој потсети на помошта и донацијата што беше реализирана за Украина и нагласи дека таа поддршка ќе продолжи и понатаму.

Во името на општината Буча и градскиот Совет, заменик градоначалникот на Буча, Шепетко Серхи се заблагодари за помошта и поддршката и изрази надеж за соработка на културно, образовни и други полиња. Тој се осврна и на моменталната состојба во Украина.

МИА/Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што претставува кризна состојба

Редакција

Вкупно 2.635: Од Ковид-19 починаа 13 лица

Редакција

Макпетрол: Намалени цените на природниот гас и на метанот за мај

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница