еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР со вербална нота за изјавата на лидерот на бугарската партија “Преродба“, Костадинов, за кој Македонија е втора бугарска држава

Министерството за надворешни работи, преку амбасадата на Република Бугарија во Скопје, упати вербална нота до бугарското Министерство за надворешни работи, по повод изјавите на пратеникот и лидер на политичката партија „Преродба“, Костадин Костадинов за време на конститутивната седница на народното Собрание на Бугарија.

Во нотата, како што наведуваат од МНР, се изразува крајно незадоволство од содржина на изјавата во која јавно се изразуваат иредентистички и територијални претензии кон Македонија.

– Го повторуваме апелот дека ваквите изјави се директно спротивни на интенцијата на двете држави го почитуваа и да го негуваат духот на Договорот за пријателство и добрососедство, во насока на создавање блиски и пријателски односи базирани на меѓусебна почит и соработка.

Токму во духот на добрососедството, очекуваме релевантните политички и институционални фактори во Република Бугарија да се оградат и да ги осудат ваквите провокации и обиди за нарушување на добрососедските односи, се вели во соопштението од македонското МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратеник во бугарскиот Парламент ја нарече Македонија втора бугарска држава во Европа

Бугарски пратеник на Фејсбук се пофали дека илегално влегол во Македонија барајќи го тромеѓето на „двете бугарски држави и Грција“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Компанијата Дади компани донира гориво за противпожарните возила

Редакција

Жена од Тетово се претставувала како вработена во Владата и нудела услуги за вработување за пари

Редакција

Мила Царовска за Парадата на гордоста: „Полна ми е душава, одамна не сум била на настан со толку позитивна енергија“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница