еМагазин
Image default
Македонија

Меѓу нив и Фатиме Фетаи: На огласот за избор на шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје пријавени тројца кандидати

На огласот за избор на шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје пријавени се тројца кандидати, постојниот обвинител Мустафа Хајрулахи, како и Бурим Рустеми и Фатиме Фетаи.

Претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски, појасни дека огласот завршил минатата недела и веќе се испратени барања до надлежните обвинителствата да извршат оценување за да се премине на следната фаза.

– За сите пријавени на огласите кои ги имавме објавено пуштени се барања до обвинителствата да извршат оценувања за да можеме да преминеме на следната фаза, со тие кои немаме остварено интервјуа, да ги извршиме за да стекнеме одреден впечаток.

Сепак се јавуваат за шефовски места и да ја закажеме седницата во најскоро време, бидејќи мандатот им истекува на 14 ноември и да не се доведеме во ситуација да треба в.д., изјави Јолевски.

Според него, до 7 ноември треба да заврши постапката за избор на шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во меѓувреме да се добијат известувањата и за останатите пет основни обвинителства, за да се заврши постапката и за нив, бидејќи се објавени во исто време.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО: Граѓаните во Македонија плаќаат високи трошоци за лекување на приватно

Редакција

Минатата недела најголем раст на заболени од Ковид-19 има кај лицата од 10 до 19 години

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ ќе собира потписи за задолжителен референдум за раскинување на договорот со Бугарија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница