еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева избрани за уставни судии

Собранието денеска на продолжение на 88.седница ги изгласа Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева за нови членови на Уставниот суд, како кандидати предложени од СДСМ, а на гласањето не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, во процедурално обраќање на почетокот на расправата за уставни судии рече дека пратениците од нивната партија ќе ја напуштат собраниската сала и, како што рече, „нема да присуствуваат на давање нелегитимност на нешто што успеавте да го направите на недоследен и недостоен начин на Собранието, со кршење на Деловникот и Уставот“.

– Жалам што успеавте и Уставниот суд да го направите партиска институција и изборот да го сведете на начин на кој што ќе го направите сега. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе ја напушти седницата и нема да присуствиува на овој срамен чин за државата, рече Мицевски.

На собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата треба да помине и последниот предложен кандидат за уставен судија на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, предложен од страна на владејачките партии.

Од предложените шест кандидати за уставни судии на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден не доби поддршка. Партијата ги предложи Саво Климовски, универзитетски професор, Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска и професорка Родна Живковска.

Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена, на четворица им е истечен мандатот.

МИА/Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НБРМ: Цената на горивата допрва ќе расте

Редакција

Податоците се безбедни, не смеам да кажам дали беше побаран откуп, вели директорката на ФЗО, Грашкоска

Редакција

Пребројани 527.000 гласачки ливчиња: Пендаровски води пред Силјановска Давковка со разлика од 60.000 гласови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница