еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата ќе му додели на Собранието 1,3 милиони евра за референдумска кампања

Владата го задолжила Министерството за финансии да подготви предлог-одлука за обезбедување на 80 милиони денари (околу 1,3 милиони евра) од тековната буџетска резерва кои ќе бидат ставени на располагање за спроведување кампања, врз основа на одобрен план на Собранието како овластен предлагач на референдумот.

Доколку на крајот на кампањата има непотрошени средства, како што велат од Владата, тие ќе бидат вратени во Буџетот.

Владата донесе одлука и да се спроведе и процес на планирана јавна комуникација од јавен интерес, односно кампања за референдумот, базирана на принципите на објективност, транспарентност и рационалност.

Владата, како што е посочено во соопштението, планира комуникација со и преку медиумите, социјалните медиуми и активности од јавен карактер.

За активностите на социјалните медиуми владата планира да издвои речиси 6.500 евра од редовниот буџет на Генералниот секретаријат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телефонот на судијата Наке Георгиев упатува на друго кривично дело: Што е одземено од Академијата за судии и јавни обвинители?

Редакција

Опасниот отпад во Орман бил донесен од Пробиштип

Редакција

Христијан Мицкоски доби поддршка и од Антонијо Милошоски

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница