еМагазин
Локално

Планинар од Хрватска почина на Кораб

На 22.08.2018 година во 18.20 часот во Центарот за информации и команда Тетово било пријавено дека на местото викано „Кобилино поле“, атар на Маврови Анови, на Кораб Планина има планинари-државјани на Република Хрватска, претставници на планинарско друштво од Сплит, информира МВР.

На еден од нив, П.П. (58) од Сплит му се влошила здравствената состојба и побарал помош. Со хеликоптер на МВР лицето било донесено во Градската општа болница „8-ми Септември“-Скопје, каде од страна на лекар била констатирана смрт.

По наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, а увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Ќе се урива Универзална сала, летна сцена со парк на нејзиното место

Редакција

ЈСП: Од утре во сообраќај поголем број автобуси, ќе важат и средношколските билети

Редакција

Се тепале тројца на двајца во дискотека во Градскиот парк

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница