еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Од пазарот се повлекуваат 20 тони небезбедно млеко „Милкано“

Од малопродажба се повлекуваат 20 тони УХТ трајно млеко „Милкано“ 3,2 отсто, увезено од Босна и Херцеговина, поради утврдено присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволените количини од 0,05 микрограми на килограм, согласно македонските прописи.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) сооошти дека сите останати производи од овој бренд се безбедни, со исклучок на млекото со наведениот лот и рок на употреба.

Небезбедното млеко ќе се врати кај производителот доколку надлежните ветеринарни власти од БиХ го прифатат тоа. Во спротивно, ќе биде уништено на депонијата Дрисла.

Наредба за повлекување на небезбедниот производ од полиците е издадена и на операторот со храна, кој веќе ја информира јавноста за ова постапување.

-Потрошувачите кои имаат купено УХТ млеко од брендот „Милкано“ со наведениот лот и рок на употреба, апелираме да не го употребуваат, туку да го вратат на местото каде што е купен.

Врз основа на добиен позитивен резултат за присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволени концентрации во млеко од брендот „Милкано“ увезено од Босна и Херцеговина, Агенцијата за храна и ветеринарство почна постапка за повлекување небезбеден производ од пазарот.

Станува збор за резултат добиен во рамки на мониторинг програмата за безбедност на храната, која покрај редовните и вонредните контроли, Агенцијата ја спроведува секоја година, наведува АХВ

АХВ потсетува и дека секоја недоследност во однос на безбедноста на храната, граѓаните можат да ја пријават лично до Одделението за заштита на потрошувачите при АХВ, на бесплатната телефонска линија наменета за потрошувачите 0800 3 22 22, или електронски на [email protected].

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко фото) Претажно: Во скопско Соње обесенa верверичкa, бидејќи ги јадела оревите

Редакција

Поранешните заменици-министри Хусеини, Бајдевски, Буши и Николоски ќе добиваат апанажа

Редакција

Рекорден пораст: Просечната плата за еден месец „скокна“ за 1.049 денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница