еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МВР: Денешните дојави за бомби во девет училишта се лажни

Министерството за внатрешни работи информира дека по направените проверки во средните училишта утврдено е дека денешните дојави за бомби се лажни.

Во текот на денешниот ден добиени се пријави за поставени бомби во девет училишта.

– Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави дека девет училишта на територија на Скопје добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се наведува во информацијата од МВР објавена на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој стои позади лажните дојави за бомби во скопските училишта

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 333 случаи на Ковид-19 од 2.440 тестирања

Редакција

Законот за амнестија е доставен до Собранието, ќе се носи по скратена постапка

Редакција

Патувањето на Буши не го платило МВР, било приватно за медицински цели пред тој да биде назначен на функцијата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница