еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Почнаа сеизмичките истражувања за наоѓалишта на природен гас во Грција

Бродот за сеизмички истражувања за наоѓалиштата на природен гас југозападно од Пелопонез и Крит, тргна. Ги поставува каблите со подводните слушалки, од кои добива информации за брановите за да може да ги одреди геолошките структури, откри министерот за животна средина и енергетика на Грција, Костас Скрекас во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина.

За бродот Nanco Swift на американската компанија „ExxonMobil“, во вторникот беше издадена навигациска информација (Навтекс), а Скрекас рече дека постои сериозна веројатност да бидат откриени искористливи количини на природен гас.

-Ова, би рекол дека е меѓу последните надежи што ги има светската рударска индустрија за фосилни горива за откривање наоѓалиште и сериозни резерви на природен гас во Југоисточна Европа, истакна Скрекас, но и посочи дека сè додека не се завршат дупчењата и „не видиме што навистина има таму, сè друго е само проценки“.

Во однос на планираниот временски рок, објасни дека сеизмичките истражувања ќе траат две години и врз основа на резултатите, целта е во 2025 година да почнат и првите пробни дупчења, а по две години односно во 2027-2028 година да се реализира првото продуктивно дупчење и производство на природен гас.

Сеизмичките истражувања за наоѓалиштата на природен гас ги најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во понеделникот, а Националната компанија за управување со јаглеводороди и енергетски ресурси (ЕДЕИЕП), соопшти дека во северниот дел на Јонското море планирани се 3Д геофизички истражувања, а западно и југозападно од Крит 2Д геофизички истражувања.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се најавуваат илјадници отпуштања: Угостителите нема да ги користат мерките на Владата

Редакција

(Галерија) Братче и сестричка од кумановско Степанце живеат во услови полоши од штала

Редакција

(Видео+Фото) Скандал во Грција: Во Парламентот со Зеленски се обрати и борец на нацистичкиот батаљон Азов

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница