еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од М-НАВ тврдат дека изборот на контролори на летање се одвивал нормално

М-НАВ, националниот давател на услуги за воздухопловна навигација, ги отфрла тврдењата на Синдикатот за спроведувањето на постапката за изборот на кандидатите за обука за контролори на летање и тврди дека процесот се одвива нормално, согласно акцискиот план, како и дека се очекува да биде завршен наскоро во предвидениот рок согласно сите национални и меѓународни стандарди.

-Да Ве известиме дека твдењата на Синдикатот на контролори на летање се неточни. Селекцијата за контролори што се одвива според препораките на Eurocontrol, FEAST тестовите, лекарските прегледи, интервјуата што се филтри кои се спроведени од страна на данските експерти кои се избрани со постапка за јавна набавка од М-НАВ АД.

Не се точни тврдењата и шпекулациите дека ние како институција не им веруваме на данските експерти, напротив имаме одлична соработка со нив и нивното меѓународно реноме.

Исто така, не се точни тврдењата дека Управниот одбор има дадено изјава дека го оспорува изборот на 8-те кандидати или дека кандидатите не се вистинскиот избор, напротив процесот не е едноставен и се спроведува според акциониот план на М-НАВ, наведува М-НАВ во демант на тврдењата на Синдикатот.

Од М-НАВ уверуваат дека, како што стои во информацијата, процесот се одвива нормално, согласно акцискиот план и се очекува да биде завршен наскоро во предвидениот рок согласно сите национални и меѓународни стандарди за да можеме да се започне школувањето на кандидатите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пропаѓа оглас за контролори на летање во М-НАВ, оти не го поминале деца на политичари и на менаџментот на компанијата

Фото: М-НАВ/Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зголемување од 26,4%: За една недела нови 6.899 случаи на Ковид-19

Редакција

Нов раст: Инфлацијата во јули 16%

Редакција

Пак дојави за бомби во скопски училишта, сите се лажни

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница