еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Еден загинат и петмина повредени во сообраќајка кај Свети Еразмо

Едно лице загина, а пет се повредени во сообраќајна незогда што вчера попладне се случила на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај Свети Еразмо.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека во несреќата учествувале три патнички возила, две со охридски и едно со струшки регистерски ознаки.

– Денеска околу 16 часот и 40 минути на магистрален пат Охрид-Кичево се случи сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „киа рио“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(57) од Охрид, патничко возило „ауди“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Ш.П.(22) од Струга и патничко возило „поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(39) од Охрид, изјави Димоски.

Според него, на местото на несреќата починал возачот Р.А., а повредени се пет лица, кои се пренесени во болницата „Св. Еразмо“ и во охридската Општа болница.

Увид на местото на незгодата извршиле полициски екипи.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) „Како да беше судено, да дадам гол на стадионот на кој поминав убави четири години“, вели Трајковски за победата над Италија

Редакција

Убава вест: Расте нивото на водата во Охридското Езеро

Редакција

Пуцко петрол склучи договор од 1,9 милион евра со ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница